Согласно проектот „Паметни решенија за регионална соработка и модерно управување со отпадот” за зајакнување на капацитетот на општините Битола, Охрид и Ресен, чија цел е подобрување на локалните услуги за управување со отпад преку имплементација на дигитални технологии кои овозможуваат планирање, следење и оптимизирање на работата врз основа на собрани податоци, УНДП објавува постапка за набавка на софтверска алатка.

