Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со новоназначениот амбасадор на Македонија во Франција, Игор Николов. На средбата, на која присуствуваше и почесниот конзул на Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ, беше ставен акцент на досегашната успешна соработка на Битола со неколку градови од Франција во повеќе области, меѓу кои образованието, културата и противпожарната заштита.
Амбасадорот Николов, нагласи дека во понатамошниот период оваа соработка ќе биде уште повеќе зајакната како во делот на реализација на заеднички проекти, така и во однос на продлабочување на соработката со збратимениот град Епинал.

