Општина Битола

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОРТСКИТЕ ИГРАЛИШТА ВО ГОРНО ОРИЗАРИ

Започна реконструкцијата на спортските терени, односно игралиштата во рамките на подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во оваа населба, а увид во градежните работи направи градоначалникот Тони Коњановски придружуван од пратеникот Пеце Милевски и одговорните за проектот.

Станува збор за два спорски терени, едниот ракометното игралиште или игралиштето за мал фудбал, а другиот терен за кошарка.

По отстранувањето на стариот асфалтен слој, бетон и земјишниот слој, следува поставување на тампон, потоа асфалтирање и поставување на тартан подлога на површина од 900 м2.

Терените ќе бидат опремени со реквизити, оградени со транспарентна ограда висока 3 метри и во рамките на ова, ќе има нови патеки со бехатон плочки и елементи кои ќе направат училница на отворено.

Средствата се обезбедени преку Министерството за образование и наука од вториот владин повик, а целата инвестиција изнесува 11.318.523 денари.

Scroll to Top