Општина Битола

СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА

Денес се одржа седница на локалниот Совет за превенција, со кој претседава градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Беа отворени повеќе теми на кои претставници на институции ги истакнаа состојбите и во делот на превенцијата и во делот на санкционирањето, а беа од СВР Битола, Центарот за социјални работи, од ЈП „Комуналец“ за прифатилиштето „Хачико“, како и од противпожарната единица на Битола.

Беше информирано за тоа каква е ситуацијата со деца малолетници во локали во ноќните часови, за кражбите, измамите, дрогата, како и разгледување на проблемот со нарушувањата на јавниот ред и мир, сообраќајот, електричните тротинети, мопеди и непрописното паркирање.

На дневен ред на седницата се зборуваше и за проблемот со деца и возрасни лица кои просат на Широк Сокак и во угостителски објекти и за тоа каква е состојбата со уличните кучиња и што презема прифатилиштето „Хачико, како и за состојбата со пожарите.

Во дискусијата учествуваа и советници од Советот на Општина Битола, кои дадоа свои мислења и предлози за темите кои денеска беа отворени за дискусија.

Scroll to Top