Општина Битола

СЕ АСФАЛТИРА НОВАТА УЛИЦА „СРУ 5“

Денеска започна асфалтирањето на улицата „СРУ 5“ која е важна сообраќајница во некогашната касарна.

Таа ги поврзува од едната страна улицата „Партизанска“, а од спротивната страна улицата „Крушевска Република“.

„За некои ова ќе изгледа како свечен чин, а за нас е секојдневна редовна работа, бидејќи уличната и патната инфраструктура се наш приоритет“ рече градоначалникот Тони Коњановски.

Претходно се работеше на тротоарите од двете страни кои се со по 2,5 метри ширина и беа поставени коловозните рабници. По асфалтирањето на коловозот ќе се работи на велосипедската патека, а местото и хортикултурно ќе се уреди.

Улицата има комплетна инфраструктура, атмосферска и фекална канализација и водоводна инсталација, а доби и улично осветлување.

Инвестицијата е над 9 милиони денари.

Овде не застануваме, продолжуваме со нови проекти за подобри услови за комуникацијата на граѓаните во делот на патната инфраструктура.

Scroll to Top