Уште еден од проектите кои отпочнаа со реализација во средината на март, денеска се финализира. Градежната механизација го асфалтира патот кој води до манастирот „Св. Меркуриј“ во селото Барешани.

Должината е 580 метри, а ширината на патот 3 метри, плус банкини. По поставувањето на тампон со дебелина од 25 см, следи и асфалтирање.

Асфалтниот слој е со дебелина од 7 см, а асфалтната вкупна површина 2029 м2.

Вредноста на овој проек е 5.421.038 денари и средствата се преку Министерството за транспорт од вториот владин повик.

И овој проект е потврда на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на состојбите и во руралните средини.

