Општина Битола

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „ЛЕРИНСКА“

Се асфалтира улицaта „Леринска“ и крак од улицата „Христо Узунов“ како дел од проектот за реконструкција на улиците, каде претходно беше изведена мешовита ( фекална и атмосферска) канализација и приклучоци за куќите.

Денеска увид во градежните работи изврши градоначалникот на Битола Тони Коњановски со одговорните лица за проектот.

Вкупната должина е околу 206 метри, со дебелина на асфалтот од 7 см. Сумата за реконструкција на коловозот изнесува 4.004.100 денари, а за изведбата на канализацијата 2.872.960 денари.

Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Битола.

И со овој проект се подобруваат условите на уличната мрежа во градот. Општината продолжува со реализација и на други инфраструктурни проекти исполнувајќи ја програмата за работа и заложбата за подобри услови за жителите.

Scroll to Top