Општина Битола

СОЗДАДЕНИ УСЛОВИ И ЗА НОВИ ЖИВОТНИ ОД ЗООЛОШКИТЕ ГРАДИНИ ВО СКОПЈЕ И БЕЛГРАД

Привилегија за најмладите е што Битола има зоолошка градина, најчесто посетувана од нив заедно со своите најблиски. И оваа зоолошка градина е единствена во овој регион. Грижата на Општина Битола на дело се манифестира преку помагање за подобрување на благосостојбата на животните, со што станува уште попривлечна за посетителите, особено во пролетниот и летниот период, а често е посетувана и од група ученици како од Битола, така и од други градови, но и од соседна Грција.

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски беше во посета на градината каде ќе се реализираат два проекти. Од директорот Жарко Тренковски беше информиран за плановите и динамиката на изведба.

Едниот проект е изградба на објект терариум, а другиот изградба на објект за копитари и двата од министерството за култура и туризам, а аплицирани од Општина Битола на вториот владин повик.

Во моментов во зоолошката градина се работи на интензивно пролетно средување, на оплеменување на живеалиштата. Денеска се очекуваат да пристигнат и нови жители на зоолошката градина ( мајмуни од врстата на патас, мајмуни од врста на лемури, коати) од зоолошката градина во Скопје, а во текот на овој месец или мај се очекува да пристигнат како подарок со потпишаниот меморандум за соработка меѓу зоолошките градини од Битола и Белград, следните животни: бизон, антилопи, коати, свети ибис, сервал, буву буву.

Зоолошката градина оваа година планира програма за едукација на вработените во зоолошката градина во Загреб.

Scroll to Top