Предмет на јавниот повик е доделување на линии за вршење на општински линиски превоз на патници во Општината Битола и субвенционирање на линиите до руралните средини, согласно Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општината Битола („Службен гласник на Општина Битола“ бр. 19/25) и Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на линииите на превозниците во општинскиот линиски превоз на патници во Општината Битола („Службен гласник на Општина Битола бр. 19/25), за период од 5 (пет) години од денот на издавањето на дозволата.
За правото на учество на јавниот повик, критериумите за утврдување на способноста на понудувачите, потребната документација, критериумите за избор на најповолна понуда и други информација за овој јавен повик во прилогот на ова известување.

