На 30 и 31 август, во организација на „Екстрим бајк Тим Битола“, на Копанки, ќе се одржи еден од највозбудливите настани за вљубениците во екстремните спортови.
13 издание на „Пелистер Даунхил Купот“ ќе се одржи според пропишаните правила на Велосипедската федерација на Македонија и Меѓународниот велосипедски сојуз, а сите натпреварувачи кои ќе учествуваат на тренинзите, квалификациите и финалната трка треба да ги прифатат правилата и се обврзани истите да ги почитуваат.
Во описот на настанот од страна на организаторите, дадени се деталите за трката, како и потребните согласности кои треба да се обезбедат за малолетните учесници.
Учеството на трката е во следните категории:
– Мини Јуниори (Кадети) / Mini Junior (12-15 години/years) – само за лиценцирани / only for licenced
– Јуниори / Junior (16-17 години/years) – само за лиценцирани / only for licenced
– Елит / Elite (18-29 години/years) – само за лиценцирани / only for licenced
– Мастерс / Masters (30+ години/years) – само за лиценцирани / only for licenced
– Жени / Women – само за лиценцирани / only for licenced
– Хоби / Hobbi
Бодирањето ќе биде според UCI систем на бодување.
Цената за пријава на натпреварот изнесува 1200 денари (20 евра) за лиценцирани натпреварувачи а за сите натпреварувачи без лиценца учеството изнесува 2100 денари (35 евра) и се извршува на лице место.
Програмата е планирана според следниот распоред:
– САБОТА 30.08.2025
08:00 – 10:00 Пријавување и превземање на стартните броеви.
10:00 – 16:00 Тренинг со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
– НЕДЕЛА 31.08.2025
09:00 – 11:00 Официјален тренинг со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
12:00 – 13:00 Квалификации со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
14:00 Финална трка.
Организаторот го задржува правото за измена на распоредот и времето со цел побрзо и поквалитетно одвивање на натпреварот.
Мерењето на времето ќе се одвива хронометарски.
Организаторот ќе обезбеди превоз на натпреварувачите со жичара, а натпреварувачите се должни да се придржуваат на распоредот.
Медали и пехари ќе бидат доделени за првите пет најдобри времиња во секоја категорија поединечно.
Технички спецификации на патеката се следните:
– Должина: 1.100 метри
– Висинска разлика: 250 метри
– Број на судии на патеката: 2
-Број на редари на патеката: 20
Настанот се реализира со поддршка од Општина Битола, а повеќе информации за начинот на учество на трката ќе најдете на следниот линк:
https://www.facebook.com/events/3020249034811707/?active_tab=about
