Битола повторно беше центар на спортот, младоста и натпреварувачкиот дух, а традицијата продолжи и годинава.

На 14-то издание на„ Pelister DH Cup“ учествуваат 63 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Кипар, Албанија.

Адреналин, врвни спортски перформанси и љубов кон планинскиот велосипедизам повторно ги обединија натпреварувачите на Пелистер.

Општина Битола продолжува да стои зад спортските настани и иницијативите што ја промовираат нашата општина, рече претседателот на Советот Бојан Бојкоски, кој ја имаше честа на дел од најдобрите да им ги врачи признанијата.




