Делегација од општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски и претставници на Советот на општината, по повод 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, положи свежо цвеќе пред Спомен куќата на македонскиот револуционер, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење. Во чест на денешниот ден, почит одадоа и претставници на општинската организација на Сојузот на борци, политичките партии и други граѓански организации од Битола.
„Делото на Гоце Делчев е дело кое заслужува вечна почит, но истовремено не обврзува и не насочува кон она што мора да бидат нашите чекори во денешнината со кои ќе ги почитуваме и негуваме нашите јазик, култура, писмо и традиција, продолжувајќи со работа и посветеност за иднината на Македонија“, посочи градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, за време на денешното чествување.




