Општина Битола

475 ДИСКУСИИ, СОВЕТОТ Е КОНСТРУКТИВЕН, ПРОДУКТИВЕН И ГО ОБЕЗБЕДУВА ДЕМОКРАТСКОТО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Освен дневниот ред по кој работи Советот на Општина Битола од вкупно 15 поднесени иницијативи, усвоени се 8, што претставува 53,33 проценти, односно повеќе од половина од доставените иницијативи. Овај показател укажува на релативно високо ниво на прифаќање на иницијативите поднесени од советниците. Ова го покажува анализата за работата на Советот за периодот од 05.11.2025 до 07.07.2026 година.

Во анализираниот период се одржани 14 редовни и 2 вонредни седници и согласно извршената анализа на записниците за дискусија се пријавиле вкупно 29 советници, што укажува високо ниво на работата на Советот.

Донесени се 171 одлука, 75 заклучоци, 210 решенија, 55 програми, 1 Буџет, ребаланс, исто така и новиот деловник и други точки.

Процентот на активност на советниците е 93,5 %. Најголем број на дискусии и реплики имаа претседателот на Советот Бојан Бојкоски 69, потоа следува советникот Петар Николовски со 58, па советничката Софија Ристевска Петрушева со 40, Иван Чулакоски исто така со 40 и во првите топ 5 е и советникот Димитар Кузмановски со 37 дискусии и реплики.

Од 14 седници, градоначалникот на Битола присуствувал на 7.

Советниците имаа 475 дискусии што ја покажува активност на советниците и конструктивноста на Советот како институција која претставува највисок орган на локалната самоуправа преку кој се донесуваат одлуки од јавен интерес, се врши надзор над работењето на локалната власт и се обезбедува демократско претставување на граѓаните.

Scroll to Top