Битола отсекогаш имала чувство за културни настани кои ја ставаат на мапата на културните центри во регионот.
БИТ ФЕСТ ова лето со многу факти го потврди тоа:
светски уметници, локална приказна, програма на повеќе локации низ градот – и публика што со секоја вечер покажа дека културата е нашето најсилно обележје.
Сега завршуваме исто така во голем стил.
На 31 август, на платото пред Офицерски дом, со финалната видео-презентација на „Bitola Art Mapping“.
Но, со овој завршен настан не сакаме само да затвориме едно фестивалско лето.
Сакаме да отвориме ново размислување:
Дали Битола заслужува – по пример на светските метрополи – свој light festival?
„Light festival“ е современ уметнички формат кој со светлина, проекции и мултимедијални инсталации ја трансформира архитектурата и јавниот простор во сцена.
Таквите фестивали се културно-туристички брендови во градови како Лион, Берлин, Атина, Прага, Сиднеј, Талин, Амстердам…
Зошто не и во Битола?
Ве очекуваме на финалето што носи нов почеток…да затвориме во стил и да размислуваме за иднината.
#БитФест2025#BitolaArtMapping#LightFestivalBitola
