Присуство на јавност во работењето на советот
Советот на Општина Битола, работи јавно и транспарентно, а седниците се пренесуваат во живо. Присуството на јавноста е овозможено согласно Закон за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” бр.5/02 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/2024) – Член 42, Статут на Општина Битола („Службен гласник на Општината Битола“ бр. 10/05, 17/08, 08/2019, 14/20, 19/20 и 5/21) – Член 23 и Деловникот за работа на Советот на Општина Битола („Службен гласник на Општината Битола” бр.15/05 и 20/20) – Член 3, 145 и 146.
За своето присуство граѓаните може да информираат на телефонскиот број 047 208 357, во одделението за правно–нормативни работи, во Општина Битола.
Присуството може да се пријави и преку оваа контакт форма.
Предлог дневниот ред е достапен на следниот линк: Предлог дневен ред
Закон за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” бр.5/02 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/2024) – Член 42
Член 42 — ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА НА СОВЕТОТ
(1) Советот работи на седници.
(2) Седниците на советот се јавни.
(3) За исклучување на присуството на јавноста на седницата се одлучува ако за тоа постојат оправдани причини утврдени со Статутот, со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови на советот.
(4) На расправата за буџетот на општината, годишната сметка на буџетот и за урбанистичките планови, присуството на јавноста не може да се исклучи.
Статут на Општина Битола („Службен гласник на Општината Битола“ бр. 10/05, 17/08, 08/2019, 14/20, 19/20 и 5/21) – Член 23
Член 23
Советот работи на седници.
Седниците на Советот се јавни.
За исклучување присуство на јавноста на седница се одлучува ако за тоа постојат оправдани причини утврдени со Статутот, со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.
При расправата за Буџетот на Општината, годишната сметка на Буџетот и за урбанистичките планови, присуството на јавноста не може да се исклучи.
Деловник за работа на Советот на Општина Битола („Службен гласник на Општината Битола” бр.15/05 и 20/20) – Член 3, 145 и 146
Член 3
Советот е во постојано заседание.
Советот работи на седници.
Летниот одмор на Советот трае од 15 јули до 15 август.
Ако се појави неодложна потреба, претседателот на Советот може и за време на летниот одмор да свика седница на Советот.
Седниците на Советот се јавни. Советот може да одлучи јавноста да биде исклучена.
XII. ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА НА СОВЕТОТ
Член 144
Советот обезбедува информирање на јавноста за работата на Советот и за своите ставови и одлуки во врска со прашањата за кои расправа.
Член 145
Седниците на Советот се јавни.
Одлуката за исклучување на присуството на јавноста се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот, кога се разгледуваат прашања од доверлив карактер.
На расправата по Статутот, Деловникот, Буџетот на Општината, Завршната сметка на Буџетот и за урбанистичките планови, присуството на јавноста не може да се исклучи.
Член 146
Заинтересираните граѓани можат да присуствуваат на седниците на Советот, доколку нивниот број не ја попречува работата на Советот.