Општина Битола

ЗАЕДНИЧКИ ПРИСТАП НА ЦЕНТРАЛНО И ЛОКАЛНО НИВО ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

Локалната самоуправа има активен придонес и е исклучително значајна во унапредувањето на превентивните политики и конкретните мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот заедно со државните институции.

За таа цел на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локална самоуправа“ која се одржува во Скопје, учествува и градоначалникот на Битола, Тони Коњановки.

Настанот кој го организира Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, е поддржан од минисерствата за внатрешни работи и за транспорт и Заедницата на единиците на локална самоуправа, чии први луѓе се обратија на денешната конференција.

На оваа конференција и темата за „Влијанието на урбанистичкото и сообраќајното планирање врз безбедноста на сообраќајот на локално ниво“ за што зборуваше проф. Д-р Јасмина Буневска-Талевски од Техничкиот факултет во Битола.

Проф. Д-р Зоран Јошевски кој е член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата имаше излагање на тема „Управување со безбедноста на сообраќајот во Единиците на локалана самоуправа.

Инаку Битола е во процес на изработка на новиот Генерален урбанистички план, нови сообраќајни решенија, а има изработено и студија за „Сејф сити“ од пред неколку години.

Градоначалникот на Битола денеска стави потпис на Декларацијата за безбедност во сообраќајот на патиштата, во која меѓу другото стои дека ниту еден изгубен човечки живот или сериозна повреда во сообраќајот не е прифатлива.

Се согласи и Општина Битола преку оваа Декларација на промоција и примена на пристапот кон „Сејф сити“, како основа за системско унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Scroll to Top