Градоначалникот на Битола Тони Коњановски, денеска оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, придружуван од претседателот на Регионалната стопанска комора Мирко Велковски и членови на Управниот одбор на Регионалната комора во Битола.

На средбата се разговараше за активности кои треба да се преземат на локално ниво, за развој на стопанството во битолскиот регион. Беше спомената патната и гасна инфраструктура, како клучни приоритети во интерес на бизнисите во регионот и коридорот 10, патната и железничката инфраструктура во регионот кои се од суштинско значење, односно реализација на автопат Прилеп – Битола 40 километри и обиколница Битола – Меџитлија 19 километри.

Посебен акцент беше ставен на потребите од кадар за бизнисот како врни прашања за кои секојдневно се разговара и се иницираат активности од страна на бизнис заедницата.

Битолскиот регион има околу 5000 правни субјекти и придонесува со 9 до 10% во Бруто домашниот производ на нашата држава.


