Општина Битола

„ТРЧАЈ БЕ“ ДОНИРАШЕ СПОРТСКИ РЕКВИЗИТИ ЗА БИТОЛСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

Популарната и најмасовна детска трка „Трчај бе“ денеска донираше спортски реквизити за основните училишта во Општина Битола.

Донацијата се состои од кошаркарски, ракометарски, топки за одбојка и за фудбал.

Вредно е да се напомене дека „Трчај бе“ секоја година им овозможува на ученици од социјално ранливи категории од основните училишта и деца од градинките да учествуваат во детската трка без котизација, со што ја покажува општествената одговорност кон сите во заедницата.

Scroll to Top