По асфалтирањето на улица „Козара“ градежната оператива денеска асфалтираше уште две улици кај Здравствениот дом во Битола.

Станува збор за улиците „11-ти Март“ и „Панде Николов“ во вкупна должина од 220 метри.

Претходно се изврши реконструкција на водоводната и канализационата мрежа со средства од Министерството за транспорт.

Асфалтирањето и уличното осветлување е со средства од Општинскиот буџет во висина од 4.487.000 денари за асфалтирањето на коловозот и 1.586.392 денари за улично осветлување.









