Општина Битола

Одговори на новинарски прашања

Одговори на новинарски прашања

Со цел навремено, транспарентно и целосно информирање на јавноста за прашања од јавен интерес, како и овозможување полесен пристап до веќе дадените информации, Општина Битола во оваа секција ќе ги објавува доставените одговори на новинарски прашања.

Објавувањето ќе се врши откако медиумот или новинарот што покажал интерес за определена тема ќе ја објави веста, односно ќе ги искористи доставените одговори, освен за истражувачки стории каде одговорите нема да се објавуваат до објавување на сторијата. На овој начин се почитува професионалниот интерес на новинарот што ја иницирал темата, а истовремено се обезбедува достапност на целосните и изворни информации за јавноста и за другите медиуми.

Оваа практика има цел да придонесе кон поголема транспарентност, да го олесни добивањето одговори на прашања што се повторуваат и да овозможи рационално, ефективно и ефикасно користење на административните капацитети на Општината.

По исклучок, одговорите може да бидат објавени и пред објавувањето на новинарскиот прилог, доколку прашањата претходно биле јавно објавени на веб-страницата или на интернет-порталот на медиумот.

Scroll to Top