Општина Битола

В ПЕТОК ЌЕ ЗАСЕДАВА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

16-тата редовна седница на Советот на Општина Битола е закажана за в петок на 18 септември.

Пред советниците ќе се најде кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола во вториот квартал од 2026 година, како и програмата за измена и дополнување на Програмата на финансирање и изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2026 година.

Како точка на дневен ред е и Правилникот за категоризација на објектите за спорт во сопственост на Општина Битола.

Советниците ќе ги разгледуваат и извештаите за бројната состојба, спроведената оптимизација и одобрените паралелки со помал број ученици во основните училишта во Општина Битола за учебната 2026/2027 година.

Во делот на спортот се точките, односно Одлуката за давање на овластување на градоначалникот на Општина Битола да потпише договор за финансиска поддршка со женскиот ракометен клуб „Пелистер 2012“ Битола, како и одлуката за примање на донација за реконструкција на помошното фудбалско игралиште со вештачка трева во Битола од страна на ФФМ.

На дневен ред на оваа седница се и годишните извештаи за работа на пет средни училишта за учебната 2025/2026 година и годишните програми за работа за учебната 2026/2027 година.

На оваа седницата ќе се најде и иницијативата на градоначалникот на Битола за некористење мобилни телефони во училиштата.

Советниците ќе ја разгледаат и информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на Општина Битола во текот на првото полугодие од 2026 година.

Scroll to Top