Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска организираше прием за големиот спортски успех на боксерот Арабел Рустемовски.

„Младиот боксер Арабел Рустемовски кој со бронзен медал се врати во Битола денеска го пречекав во мојот кабинет.

Чест за мене, но и за Битола е што Арабел се врати со бронзен медал од Европското првенство за боксери до 17 години, кое се одржа во Будва, Црна Гора.

Ова е голем успех и за него и за нашиот град, за што сме му благодарни и ја искажав нашата определба за поддршка кон него како млад спортист.
Новата боксерска сала која се гради, ќе биде место и за него каде што ќе може да ја гради својата боксерска кариера.
Со ваква талентирана младина која нижи успеси само се потврдува оправданоста за вложувањата на Општина Битола во спортската инфраструктура“, објави градоначалникот Коњановски.


