Советот за социјална заштита на Општина Битола во соработка со ОУРЦ „Кочо Рацин” Битола и граѓанскиот сектор ги отвора вратите за спортот без бариери, за еднаквите можности и за радоста што не обединува!

„Денес преку Инклузивен спортски ден, испратиме силна порака дека секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен.

Затоа што шампион не е само оној што освојува медал, туку секој што храбро чекори напред, ги надминува предизвиците и верува во себе“ рече претседателката на Советот за социјална заштита Марина Крстиќ.


Голема благодарност беше искажана до сите спортски работници, спортски клубови, здруженија, академии, училишта, ресурсни центри и граѓани кои го поддржаа настанот.

Пораката од овој настан беше дека заедно градиме Битола во која различностите и еднаквитe можности се наша сила, а инклузијата е вредност што не обединува.





