Општина Битола

БУЏЕТ ПО МЕРКА НА ГРАЃАНИТЕ- В ПЕТОК ВТОР БУЏЕТСКИ ФОРУМ

Општина Битола ги информира жителите на општината дека продолжува со организација на буџетски форуми во заедницата со цел заедничко планирање на општинскиот буџет за 2027 година.

Втората работна сесија од буџетскиот форум ќе се одржи на 6.11.2026 година со почеток во 12:00 часот во Офицерскиот дом.

Општина Битола, како Општина со висока транспарентност и интегритет ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат учество во работата на Форумот и да дадат свој придонес кон планирањето на општинскиот буџет за 2027 година.

Scroll to Top