Општина Битола

ТРАДИЦИОНАЛНА НОЌНА АТЛЕТСКА ТРКА

Вчерва низ битолски Широк Сокак во рамките на програмата за одбележување на Денот на ослободувањето на Битола се одржа традиционалната ноќна атлетка трка по 68 пат.

Организатор на трката е Општинскиот сојуз на спортови заедно со Општина Битола, а на неа зедоа учество околу 600 учесници.

Aтлетската патека ја трчаа ученици од 4 одделение до средношколци до 4 година, како и студенти и граѓани.

Учениците учесници на трката се најдобрите тројца од секое училиште кои доаѓаат во соодветната категорија.

Најбрзите беа наградени со дипломи и медали, а им ги врачија градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски.

Организаторот на трката вели дека ова е празник на младоста во градот, а симболиката е што се организира вечерта пред денот кога Битола била ослободена на 4 ноември 1944 година.

Scroll to Top