Градоначалникот на Битола Тони Коњановски синоќа присуствуваше на отворањето на Ноемвриската изложба на Друштвото на ликовни уметници Битола која е дел од програмата „Сите бои на сеќавањето” посветена на четвртоноемвриското празнување, Денот на ослободувањето на Битола.

Изложбата беше отворена во битолската Магаза, а бројни љубители на уметноста и членови на ДЛУБ имаат можност да уживаат во изложените уметнички дела.

Друштвото на ликовни уметници на градоначалникот на Битола му додели благодарница за успешната соработка и афирмација на ликовната уметност.













