Асфалтирани улици и патишта, нови паркинг места, изградба на спортска училишна инфраструктура, градинки, енергетски ефикасни училишта, противпожарна зграда, боксерска сала и многу други проекти.
Во функција на отчетност и транспарентност, Општина Битола го објавува Општинскиот информатор за активностите од ноември 2025 до ноември 2026 година.
Имате можност по области да ги проследите реализираните проекти, оние кои се во реализација, како и настаните кои одбележаа една година од вториот мандат на оваа локална самоуправа.
Проекти, континуитет, стратешко планирање и јасна визија, се главните столбови врз кои се темели работата на оваа локална самоуправа.

