Општина Битола

ОДБЕЛЕЖАНА 82 ГОДИШНИНАТА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ПРВАТА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

Свежо цвеќе и пригодна програма по повод 82 годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада пред спомен-плочата кај ТППЕ Битола.

По интонирањето на Македонската химна и освртот за историјата на бригадата, во име на Општина Битола свежо цвеќе положија и оддадоа почит советници од Советот на Општина Битола, како и други делегации.

Комеморацијата беше организирана од Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, како и од Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, со поддршка од Општина Битола.

Беше организирана и пригодна програма со сплет песни и ора од егејот изведоа членови од АФ „Гоце Делчев“.

Scroll to Top