Општина Битола

ТРЕТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА БУЏЕТОТ ЗА 2027 ГОДИНА

Граѓаните на Општина Битола и денеска со свои предлози на третата форумска сесија во креирањето на Буџетот на Општина Битола за 2027 година.

И на овој форум ги имаше прашањата на инфраструктурата, предлог за урбанистички план за Дихово и канализација, за училиштето во Буковски ливади кое е во градба, влезот во населбата, просторот околу ФИКТ, влезовите на Старата чаршија, како и за канализација во Карамани.

Форумот не е обична јавна расправа, туку место каде граѓаните активно учествуваат во предлагањето решенија и утврдувањето приоритети, заради што општината петта година по ред организира вакви форумски сесии.

На денешната сесија присуствуваа жители од Општина Битола, граѓански организации, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и советници, како и раководители од одделенија во Општина Битола.

Scroll to Top