Општина Битола

Информации за буџет

Информации за буџет на општина Битола

ГРАЃАНИТЕ ПОВТОРНО ГО КРЕИРААТ ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ – СЕ ОДРЖА ПРВАТА СЕСИЈА ОД БУЏЕТСКИОТ ФОРУМ

Гласот на граѓанинот мора да се земе во предвид при креирањето на општинскиот буџет. Со ова начело, како и со главната цел на општина Битола, која значи транспарентност и отчетност при распоредување на буџетските средства, денес се одржа првата форумска сесија на која покрај советниците во Советот на општина Битола, раководителите од општинската администрација, присуствуваа и претставници на месните и урбаните заедници, претставници на невладиниот сектор и сите граѓани кои покажаа интерес да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет.

Во своето обраќање на денешната прва форумска сесија, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски истакна дека ова е веќе редовна пракса на општина Битола во насока на нејзината транспарентност и отчетност, со која се отпочнува процес во кој сите, заедно, ќе ги дефинираме приоритетите и проектите кои што треба да донесат поубаво утре за градот Битола.

„За разлика од минатата година, кога повторно пред Вас се обратив како градоначалник, но истовремено и како еден од Вас, кој живее и работи во овој град, можам слободно да кажам дека имаме голем позитивен исчекор.

Пред се говорам за голем број на стратешки документи, кои се изготвени во изминатата година, а се многу значајни за работењето на општината, за нејзините правци, насоки и можности за донации и аплицирање на проекти. Имаме важечка Стратегија за локален економски развој за периодот до 2027 година, имаме позитивно усвоена Програма за енергетска ефикасност од 2024-2026 година од Агенцијата за енергетија, а пред советниците ќе се најде и изработената Урбанистичка ревизија на општина Битола.

Токму со ова темпо, продолжуваме и натаму да работиме на нова проектна документација, одобренија за градење и други стратешки документи, кои ќе овозможат раст и развој на градот. Сега, пред сите нас, претстојат нови предизвици, за кои само со заеднички концепт, можеме да донесеме добри одлуки, да започнеме нови проекти, кои ќе водат кон напредок на општина Битола.

Затоа и годинава, отворено и заедно со Вас, граѓаните на општина Битола, ги одредуваме стратешките приоритети на општината. Веќе го слушнавме гласот на жителите на урбаните и руралните заедници, ги добивме нивните приоритетни барања, а дел од нив секако ќе бидат земени во предвид за реализација во наредниот период.

Одржувањето на буџетскиот форум во заедницата, има за дел подобро и поквалитетно планирање на општинскиот буџет за 2024 година. Имаме квалитетна програма, имаме што да им понудиме на граѓаните, но секако, само заеднички со јасни и чисти стратегии, имаме изработени проекти кои што веќе се реализираат, проекти кои што се во тек, а некои се во фаза на изготвување на документација. Стратешкото планирање, го вклучува токму тоа, да градиме, но и да имаме готови проекти, кои ќе се реализираат со одредена динамика“, посочи градоначалникот Коњановски во своето обраќање пред присутните

На денешната прва форумска сесија, беше објаснет форумскиот процес на работа, исто така беше формирана структурата на форумот, беа усвоени 10 програми од вкупно 35 по кои што ќе се работи и во наредните сесии.

Граѓаните, на денешната прва форумска сесија веќе развија дискусија за дел од проектите, кои што треба да бидат содржани во буџетот за 2024 година.

ГРАЃАНИТЕ ГО КРЕИРААТ БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА – ОДРЖАН ПРВИОТ БУЏЕТСКИ ФОРУМ

Со цел транспарентно распоредување на буџетските средства, во соработка со граѓаните на општината, денес во Битола, се одржа првата форумска сесија на која покрај раководителите од општинската администрација, присуствуваа и претставниците на месните и урбаните заедници, здруженијата кои функционираат во општината и сите граѓани кои сакаат да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет.

На денешната прва форумска сесија, беа дефинирани програмите, во кои на следните две сесии ќе бидат разработени конкретни предлози, за кои учесниците ќе гласаат на последната – четврта форумска сесија. На овој начин се овозможува и партиципативно граѓанско учество во креирањето и реализацијата на општинските програми и стратешки планови.

Ваков пристап во изработката на буџетот, општината воведува првпат, а градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, посакувајќи им успешна работа на учесниците им се заблагодари за интересот и нагласи дека само на овој начин, ќе се овозможи соодветно планирање и реализација, согласно потребите на граѓаните во општината.

„Посебно ме радува фактот, што од денес сите заедно можеме да отпочниме еден процес, во кој заеднички ќе ги дефинираме проектите кои треба да донесат подобра слика за Битола. Јас, како градоначалник, исто така, сум еден од Вас, жител на оваа општина кој се соочува со истите проблеми како и Вие, но само со заеднички концепт, можеме да донесеме добри одлуки и да започнеме подготовка и реализација на проекти, кои ќе водат кон напредок.

Тоа што општината од 2018 година, нема важечка стратегија за локален развој, го прави уште поголем предизвикот да започнеме со подготовка за реализација на нашата визија за Битола, затоа што, ниту еден проблем за жал неможе да биде решен преку ноќ.

За да можеме да се соочиме со предизвиците, да ги надминеме проблемите и да создадеме нови резултати, мора да постои проектна документација, одобрение за градење, како и одреден буџет до комплетно завршување на проектот.

Токму затоа, како жител на општина Битола, секојдневно соочувајќи се со различни ситуации и во постојана комуникација со граѓаните, на локалните избори, излегов со програма, од која произлегуваат проекти, кои ќе овозможат решавање на најгорливите проблеми. Некои од тие проекти веќе се реализираат, а некои се во фаза на изготвување на документација. Стратешкото планирање, го вклучува токму тоа, да градиме, но и да имаме готови проекти, кои ќе се реализираат со одредена динамика“, рече меѓудругото градоначалникот Коњановски во своето обраќање пред присутните.

Присутните на денешната форумска сесија, како приоритетни програми во кои на следните сесии ќе се разработуваат предлозите, ги избраа програмата за урбанистичко планирање, развојната програма, програмата за уредување на градежно земјиште, програмата за локален економски развој, програмата за животна средина, како и програмите за социјална заштита, образование, спорт и млади и програмата за култура.

Буџет на Општина Битола за 2024 година
Одлуки за пренамена и проширување на Буџетот на Општина Битола за 2024 година
Прв ребаланс на Буџетот на Општина Битола за 2024 година
Втор ребаланс на Буџетот на Општина Битола за 2024 година
Буџет на Општина Битола за 2023 година
Прв ребаланс на Буџетот на Општина Битола за 2023 година
Втор ребаланс на Буџетот на Општина Битола за 2023 година
Одлуки за пренамена и проширување на Буџетот на Општина Битола за 2023 година
Буџет на Општина Битола за 2022 година
Прв ребаланс на Буџетот на Општина Битола за 2022 година
Втор ребаланс на Буџетот на Општина Битола за 2022 година
Одлуки за пренамена и проширување на Буџетот на Општина Битола за 2022 година
Буџет на Општина Битола за 2021 година
Прв ребаланс на Буџетот на Општина Битола за 2021 година
Втор ребаланс на Буџетот на Општина Битола за 2021 година
Одлуки за пренамена и проширување на Буџетот на Општина Битола за 2021 година

Во текот на 2020 година организирани се повеќе средби со граѓани, он-лајн состаноци со невладини организации, здруженија, спортисти, претставници на бизнис секторот, родители, наставници, директори, пензионери и други претставници на различни области на општественото живеење.

Во реализираните разговори, пред Градоначалничката м-р Наташа Петровска и стручните служби во Општина Битола, презентирани беа повеќе идеи, иницијативи и предлози, кои согласно можностите за реализација, беше побарано да бидат вклучени во годишните програми или развојната програма на Општина Битола.

Свои барања за приоритетни проекти, до општината доставија и претставниците на урбаните и месните заедници.
Врз основа на ваквата соработка со граѓаните и пристигнатите предлози, изработен е предлог Буџетот на Општина Битола за 2021 година кој е достапен на увид.

Заедничкото и транспарентно креирање на буџетот, има за цел заеднички да реализираме бројни проекти, кои потекнуваат од Вас граѓаните и се наш заеднички приоритет.

Низ неколку видео материјали, прикажуваме само дел од проектите кои се предвидени да се реализираат во 2021 година.

Заедно, локалната самоуправа и граѓаните, можеме да реализираме многу повеќе и да работиме на реализација на визијата за живот во општина, каква што секој жител посакува.

Буџет на Општина Битола за 2020 година
  •  
Втор ребаланс на буџетот на Општина Битола за 2019 година
Буџет и ребаланси 2019 година
Буџет и ребаланси 2019 година
1.Одлука за проширување на буџетот
1.Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување
2. Одлука за проширување на Буџетот на Општина Битола за 2019 година

1.Одлука за проширување на Буџетот на Општина Битола за 2019 година

2. Одлука за пренамена на средства во Буџетот на Општина Битола за 2019 година

1.Одлука за пренамена на средства во Буџетот на Општина Битола за 2019 година

3. Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2019 година

3. Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2019 година

Буџет 2018 и ребаланси
Буџет 2018
1. Одлука за пренамена и проширување на буџетот за 2018
2. Одлука за пренамена и проширување на буџетот за 2018 (20.06.2018)
3.Одлука за пренамена на средства во Буџетот на Општина Битола. 27.08.2018

БУЏЕТОТ ЗА 2015 ГОДИНА

ПРВ РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ 2015 ГОДИНА

Scroll to Top