Општина Битола

ВТОР ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ЗА ТОА КАКО ДА СЕ УРЕДИ ПЛОШТАДОТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Општина Битола денеска го организираше вториот граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој беа презентирани предлог идеите за негово уредување.

Целта на првиот и вториот форум е да се заокружи процесот преку предлагање на идеи и размислувања, дискусија, искуства, пред да се пристапи кон финализирање на проектот за уредување на овој плоштад.

Беше кажано дека согласно важечкиот Детален урбанистички план таму е предвиден голем проект со две подземни нивоа, од кои едното за паркирање, подземна сообраќајница, кружни текови, но дека тоа е долгорочен и скап проект, а идејата е сега преку вакви форуми да се најде преодно решение, до реализацијата на Деталниот урбанистички план.

Свои идеи денеска презентираа неколку уметници, а процесот за предлагање не завршува, тој ќе трае и во наредните недели, а нивните идеи потоа ќе се најдат на разгледување пред стручната фела и општинската администрација и распишување на конкурс за идејно решение.

Идејата на општината е преку вакви форуми да се отвори дебатата за тоа како да изгледа плоштадот, кој веќе нема да биде паркинг простор, туку урбана пешачка зона.

Scroll to Top