Општина Битола

ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА БИТОЛА НА 80 ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ-БИТОЛА

Здружението на пензионери-Битола денеска одбележува голем јубилеј, 80 години постоење. Од 1946 година до денеска успешно пензионерско организирање.

На свечената академијата денеска во име на градоначалникот на Битола и Општина Битола, се обрати заменик градоначалничката Марина Крстиќ, која рече дека дека тргнувајќи од потребите на пензионерите на Општина Битола за унапредување на нивните права и подобрување на состојбата во сите сфери на општественото живеење од една страна и можностите и надлежностите на локалната самоуправа согласно Законот за локална самоуправа и Статутот на Општина Битола, од друга страна, Здружението на пензионери Битола и Општина Битола, делуваат во насока на остварување на повеќе цели.

„Можности за делување на клубовите на пензионери, социјално – хуманитарни активности и други општествени активности, се само дел од целите на заедничката соработка, во насока на понатамошен развој на условите за живот на пензионерите, а се содржани и во потпишаниот Меморандум за соработка со Здружението на пензионери – Битола“ рече Крстиќ.

Таа ги соопшти и заедичките проекти кои во изминатиот период беа реализирни, а последниот е тој од оваа година во време на новиот состав на Советот на Општина Битола и претседателот Бојан Бојкоски за Здружението на пензионери Битола обезбеден е простор за пензионерски клуб во урбаната заедница „Коле Лачето“.

Scroll to Top