Општина Битола

ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕ – СОЕУ „ Јане Сандански“

Општина Битола континуирано инвестира во подобрување на образовната инфраструктура, во СОЕУ „Јане Сандански“ реализирани се бројни активности и зафати со цел создавање подобри услови за учениците и наставниците.

Санација на училници и ходници, набавка на нов училиштен мебел – клупи, столчиња и фотељи, нови зелени табли и венецијан ролетни. Извршена е монтажа на ламинат и подиуми во училниците и комплетно бојадисување на училиштето.

Опремени се со нов мебел административните канцеларии, како и училниците со нови клупи и столици, клима уреди и огласна табла.

Реконструкција на училница и Центар за професионален развој.

Вкупната вредност на реализираните активности изнесува повеќе од 3 милиони денари.

Со овие вложувања, Општина Битола продолжува со создавање современи и функционални услови за образование, затоа што секоја инвестиција во училиштата е инвестиција во иднината на нашите деца.

ЛИНК ДО ВИДЕОТО

Scroll to Top