Општина Битола

ИНВЕСТИЦИИ ВО СРЕДНОТО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ТАКИ ДАСКАЛО“

Градоначалникот Тони Коњановски денес во посета на средното општинско училиште „Таки Даскало“ беше запознат со условите за следење на наставниот процес, преземените реконструктивни зафати и инвестициите.

Направена е замената на старата столарија, односно направена е демонтажа и отстранување на старите врати од училниците и кабинетите и поставени се нови 50 еднокрилни и 2 двокрилни врати во вредност од 1.613.650 денари.

Исто така изготвен е елаборат за електрична енергија преку стручен консултант во вредност од 87.000 денари и извршена е целосна реконструкција, односно поставена е нова електрична инсталација во блокот Б во вредност од 1.434.202 денари, со што значително се променија просторните услови за работа во училиштето.

Освен ова, со средства од Општина Битола во висина од 371.159 денари обезбедени се компјутерска опрема, проектор и интерактивна смарт табла.

Останува и натаму определбата на општината за инвестирање во битолското образование.

Scroll to Top