Општина Битола

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ИСПЛАТА НА СРЕДСТВА

Општина Битола ја информира јавноста за постапката за начинот на исплатата на средствата за избирачките одбори кои ги реализираа локалните избори 2025 година.

Од Буџетот на Општина Битола исплатени се 25 проценти од вкупната сума согласно законската обврска и за истото се информирани претседателите на избирачките одбори.

Остатокот од 75 проценти од средствата се интегрирани во Предлог Буџетот на Општина Битола за 2026 година кој е веќе испратен до советниците во Советот на Општина Битола и кој треба да биде изгласан пред крајот на оваа календарска година.

Во текот на првиот квартал од следната година ќе биде исплатен остатокот на членовите на избирачките одбори.

Scroll to Top