На француските гробишта во Битола денес се одржа комеморативен настан за одбележување на Примирјето од 1918 година и сеќавање на сите загинати, ранети, исчезнати и раселени лица од сите војни и нации.

Во име на Општина Битола и Советот на Општина Битола делегација предводена од Претседателот на Советот Бојан Бојкоски и заменик градоначалничката Марина Крстиќ положија свежо цвеќе на Споменикот на француските воени гробишта, како и бојни делегации.

Свежо цвеќе во знак на сеќавање на сите војници кои почиваат на овие гробишта положија и амбасадорите на Франција Кристоф Ле Риголер и на Германија Петра Дрекслер.

Настанот, организиран од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, беше посветен на споменот на сите загинати, повредени, исчезнати и прогонети во воените конфликти, без разлика на нивната национална припадност.







