Општина Битола

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ФОНДАЦИЈАТА „КОНРАД АДЕНАУЕР“

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски, денеска потпиша меморандум за соработка со директорот на програмата за владеење на правото во југоисточна Европа Павел Усватов од Фондацијата „Конрад Аденауер“ со канцеларија во Скопје.

Проектот кој ќе се имплементира три години има за цел мобилизирање на малите и средни претпријатија како лидери против корупцијата, односно бизнис со интегритет.

Активностите се во насока на подигнување на свеста и информирање за борба против корупцијата, деловниот интегритет, рамките за усогласеност и практични алатки прилагодени за мали и средни претпријатија, обуки, работилници и менторства за градење капацитети и на јавните претпријатија и одделенијата од општината.

На работниот состанок присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Битола Бојан Бојкоски.

Меморандум за соработка Фондацијата потпиша и со Регионалната стопанска комора со седиште во Битола.

Беше кажано дека ваквите иницијативи се добри за имиџот на компаниите и на целото општество.

Scroll to Top