Општина Битола

„МИНИ ТРЧАЈ БЕ“ ГИ ОБЕДИНИ СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Повеќе од 800 деца и над 1.000 родители, баби, дедовци и публика која дојде да ужива со најмладите, денес го исполнија битолското шеталиште со енергија каква што може да донесе само детската радост.

Четвртото издание на „Мини Трчај бе“ уште еднаш покажа дека Битола знае да биде добар домаќин на настани кои ги обединуваат семејствата, го промовираат спортот и создаваат спомени што долго се паметат.

Особено радува што оваа година во нашиот град пристигнаа деца од повеќе македонски градови, а најбројни беа токму битолските деца кои се нашата иднина.

„Благодарност до волонтерите и сите што придонесоа уште едно убаво издание кoe го промовира трчањето, да се случи во Битола.

Кога детската смеа е најгласниот звук во градот, тогаш знаеме дека денот бил совршен“ велат организаторите на настанот.

Scroll to Top