Општина Битола

ОПШТИНА БИТОЛА НА ВРВОТ ПО ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ОТЧЕТНОСТ И ИНТЕГРИТЕТ

Во извештајот кој го објави Државната комисија за спречување корупција се укажува дека редовното и проактивното информирање на јавноста претставува значаен инструмент за јакнење на институционалниот интегритет и за промовирање на култура на нетолеранција кон корупцијата.

Извештајот од спроведеното следење на примената на системот за интегритет за 2025 година опфаќа институции на државно и локално ниво.

Во мониторираните општини е и Општина Битола со добро ниво на усогласеност. Таа е на трето место, а тоа значи дека нивоата добро и многу добро, односно резултат од над 60 проценти исполнетот на утврдените критериуми, се смета за индикатор дека општината има воспоставено и имплементирано функционален систем на интегритет, со основни механизми кои се применуваат во пракса.

Процентот на исполнетост на критериумите за Општина Битола е 78,31 %.

Воспоставувањето на системот за интегритет ги опфаќа обврските што претставуваат основа за функционална имплементација: анализа на институционалните потреби, мапирање и проценка на ризици од корупција, донесување интерни правила и уредување на клучните области ( судир на интереси, подароци, укажување, транспарентност, итн).

За потсетување, во последниот извештај Општина Битола беше најтранспарентна општина меѓу најголемите во државата според „Транспаренси интернешнл -Македонија“, претходно најтранспарентна општина според „Центарот за граѓански комуникации“, Битола на прво место според индексот на отвореност според истражувањето на фондацијата „Метармофозис“, со подобрена буџетска транспарентност и пример за отчетност кон граѓаните според „УСАИД“, а во 2022 на врвот на ранг листата од општините според активната транспарентност прогласена од „Центарот за граѓански комуникации“.

Scroll to Top