Иницијативата која што на вчерашната седница едногласно беше прифатена од Советот на Општина Битола, а предложена од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, за ослободување од комунална такса на угостителските објекти (ресторани и кафе барови), на првата наредна седница на Советот ќе биде донесена Одлука со која ќе се дефинира опфатот во Старата чаршија и истата ќе важи од наредната година.
Ова е една од првите конкретни мерки на оваа локална самоуправа за заживување на Старата битолска чаршија, еден од културно-историските симболи на Битола.
Се надеваме дека со ваквиот вид на мерки ќе се мотивираат младите претприемачи своите бизниси да ги насочат во чаршијата, која ќе го врати сјајот на својата убавина од некогаш.
Во периодот кој следува ќе има и други мерки во оваа насока.

