Осветлени и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познато во јавноста како турското училиште.

Училишниот објект доби два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка.

Под асфалтна површина се 837 м2, а спортските игралишта имаат тартан подлога.

Терените се опремени со реквизити, урбана опрема, а проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки. Деновиве и рефлекторите ги осветлија терените.

Средствата за изградба на овие терени се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари.



