Со организиран дочек на Новата година, Битола со голема забава на платото кај Офицерскиот дом ја дочека Новата 2026 година.

Вечерната програма од „Зимската приказна“ започна со забава со Борче Наумовски, потоа следеше „Кабаре за раѓањето и вечноста“, „Баркод бенд“ и од 23:00 до 1:00 часот по полноќ гостите уживаа во музичкиот настап на групата „Нокаут“.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и Дедо Мраз одбројуваа и им ја честита Новата година на граѓаните.





