Општина Битола

СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИТЕ, „ДЕН НА СПОРТОТ“ ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА

Во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола денеска се одржува настанот „Ден на спортот“ кој се реализира во рамки на програмата Спортски игри за младите-најголемата аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа, со повеќе од 29 години традиција и која оваа година Федерацијата на училишен спорт на Македонија ја реализира на територијата на Македонија.

Овој еднодневен спортско-едукативен настан наменет за деца од основните училишта промовира масовно и бесплатно учество во спортот, инклузивност, родова еднаквост, здрави животни навики и фер игра.

Во рамките на настанот децата се натпреваруваат во „народна “, атлетика-трчање на 60 метри, како и во други спортови.

Општина Битола која даде поддршка на настанот, претставува значаен промотор и поддржувач на младите и спортот како и масовната физичка активност и здравиот начин на живот.

На настанот се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

„Општина Битола е една од општините која чинам дека најмногу вложува во спортската училишна инфраструктура. Речиси и да нема училиште каде нема да се реновираат спортските игралишта, некаде тоа е започнато, во најголем дел нови спортски терени, а во дел од основните училишта и модерни типски спортски сали. Исто така сакам да истакнам и дека привршуваат работите и на изградба на затворениот пливачки базен во ОУ „Даме Груев“.

Исто така често сме имаме инвестиции и во спортска опрема за изведување на наставата во училиштата на часовите по физичко и здравствено образование“ истакна градоначалникот Коњановски.

Овие игри според бројот на учесници низ годините, гo прави најголемиот аматерски спортски настан во Европа, под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, Европската комисија, УЕФА и ФИДЕ.

Кока-Кола Куп е најголемиот малоклубен фудбалски турнир во Европа, организиран дванаесетти пат по ред под капата на Плазма спотските игри на младите.

На настанот присутни беа и претседателот на Советот Бојан Бојкоски и секретарот на Општина Битола Борче Димитровски.

Scroll to Top