Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска имаше средба со новиот тренер на РК „Еурофарм Пелистер“ Лино Червар.

Червар денеска и официјално ќе биде претставен како тренер на РК „Еурофарм Пелистер“, а потпиша договор на три години.

Коњановски му посака добредојде и спортски успеси него и на ракометарите на клубот.

По пет годишна неактивност тој се враќа на ракометната клупа. Се работи за 75 годишен стручњак роден во Умаг, Хрватска, еден од најпознатите и најтрофејните ракометни тренери во историјата. Бил олимписки и светски победник со хрватската репрезентација, ја водел и Македонската репрезентација и остави длабока трага и во „Металург“ од Скопје и е тренер кој што создава и придонесува во организацијата на клубот, но неговата најголема доблест е што создава играчи од многу млад таленти, како од нашите Кузмановски, Талевски, Дрогишки успеа да направи репрезентативци.

Червар на средбата со градоначалникот беше придружуван и од претседателот на клубот Зоран Стерјев, потпретседателот Бојан Стерјев и спортскиот новинар Зоран Мишевски



