Општина Битола

ТОПЛИНСКИ ПУМПИ ЗА ГРЕЕЊЕ ЗА ОУ „СТИВ НАУМОВ“, КОЕ СТАНУВА КОМПЛЕТНО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО УЧИЛИШТЕ

Денес се изврши примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи во ОУ „Стив Наумов“ во Битола. Станува збор за две големи топлински пумпи со јачина од 50 KW електричен капацитет и 120 KW топлински капацитет.

Топлинските пумпи треба да го заменат греењето со екстра лесно масло, со што ова училиште станува комплетно енергетско ефикасно и зелено училиште.

Во присуство на градоначалникот на Битола Тони Коњановски увид извршија изведувачот, надзорот и претставници на донаторот на проектот УНОПС.

Оставен е приклучок за спортската сала која што е во изградба со цел истата да биде приклучен на овие топлински пумпи.

Освен енергетската фасада и поставувањето на топлинските пумпи имаат големо влијание врз заштитата на животната средина, преку намалување на CO2 емисиите.

Scroll to Top