Општина Битола

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДОБИВАЊЕ ПРАВО ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА РЕКЛАМНИ ПАНОА-БИЛБОРДИ

Општина Битола го објави јавниот оглас за добивање право за поставување на рекламни паноа-билборди на подрачјето на Општина Битола, по пат на јавно електронско наддавање.

Локациите и бројот на билбордите се утврдени во Програмата за поставување на урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Општина Битола.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни и странски правни лица кои ги исполнуваат условите утврдени со јавниот оглас.

Јавниот оглас трае до 18 февруари 2026 година ( среда ) најдоцна до 12:00 часот, а јавното наддавање ќе започне на 20 февруари 2026 година со почеток во 10:00 часот.

Општиот опис и местоположбата на локациите, правото на учество, рокот и почетната цена за јавното наддавање и другите информации за овој јавен оглас во прилогот на ова известување.

Scroll to Top