Општина Битола, ги известува граѓаните, дека од денеска ќе бидат ставени во функција, односно во режим на трепкање семафорите на преминот кај плоштадот „Гоце Делчев“ и на „Камен мост“.
Ваквиот режим, ќе трае една недела, со цел прилагодување на возачите кон новиот режим, кој произлегува од сообраќајното решение, согласно проектната документација и предвидената динамика на реализација.
По завршувањето на периодот на прилагодување, се информираат пешаците и возачите дека, семафорите ќе бидат ставени во редовен режим на работа.

