Општина Битола

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА „НАШАТА ГРАДИНА-НАША ОДГОВОРНОСТ“

Претседателот на Советот на Општина Битола Бојан Бојкоски учествуваше на панел-дискусијата „Нашата градина – наша одговорност“, посветена на иднината на Зоолошката градина во Битола, а организирана од Центарот за европски развој и интеграција.

На панел дискусијата на која беше присутен и директорот на ЗОО Битола Жарко Тренкоски, се разговараше за актуелните предизвици, можностите за развој, новите инвестиции што следуваат и потребата од континуирано унапредување на условите за животните и содржините за посетителите.

„Зоолошката градина има значајно место во животот на нашиот град. Таа не е само простор за рекреација, туку и важен едукативен центар, особено за најмладите, преку кој децата учат за природата, животинскиот свет, биолошката разновидност и одговорноста кон животната средина.

Нашата цел е Зоолошката градина да продолжи да се развива преку нови инвестиции, современи содржини, подобра инфраструктура и повисоки стандарди за благосостојба на животните. Тоа подразбира јасна визија, институционална посветеност и долгорочен пристап“, истакна претседателот Бојкоски.

Scroll to Top