АМБАСАДОРКАТА НА ШВАЈЦАРИЈА ВЕРОНИК УЛМАН ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

АМБАСАДОРКАТА НА ШВАЈЦАРИЈА ВЕРОНИК УЛМАН ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Амбасадорката на Швајцарија, Н.Е Вероник Улман, денес ја посети општина Битола, каде имаше средба со градоначалникот Тони Коњановски.

На средбата со амбасадорката, градоначалникот информираше за приоритетите на кои работи локалната самоуправа во делот на економскиот развој, комуналните дејности, животната средина, културата и други проекти кои се однесуваат на подобрување на условите во општина Битола.

Коњановски се заблагодари за досегашната поддршка од Швајцарската амбасада и Швајцарската агенција за развој и соработка и изрази верување дека, во следниот период оваа соработка ќе се продлабочува и надградува со реализација на нови проекти значајни за Битола. Во контекст на проектите кои е планирано да се реализираат, амбасадорката Улман, разговараше и со претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска.