ВО ПРЕСРЕТ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО, ОУ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ СО АКТИВНОСТИ ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ЕКО УЧИЛИШТЕ КОЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ“

ВО ПРЕСРЕТ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО, ОУ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ СО АКТИВНОСТИ ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ЕКО УЧИЛИШТЕ КОЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ“

По повод Светскиот ден на здравјето, а како дел од иницијативата на Светската здравствена организација за здраво училиште, во основното училиште „Свети Климент Охридски“, денес се одржаа повеќе активности, низ кои учениците покажаа зошто е важно да учат во здраво еко училиште кое се грижи за здравјето на учениците. Ова училиште е едно од четирите училишта во државата кои се вклучени во проектот инициран од Светската здравствена организација и насочен кон создавање училишта кои ќе ги поттикнуваат учениците на грижа за здравјето и животната средина. На настанот присуствуваше и специјалната претставничка на СЗО во Македонија Др. Ан Јохансен, како и градоначалникот на Битола Тони Коњановски, кој порача дека овој пример треба да го следат и другите училишта со цел грижата за здравјето и здравите навики кај најмладите да бидат поттикнати од најрана возраст.

„Денес на покана на директорот сме тука да промовираме еден настан, една убава манифестација во предвечерието на 7 ми април – Денот на здравјето. На овој настан, присутен сум и како лекар и како градоначалник. Благодарност и до високиот претставник на Светската здравствена организација, што како резултат на нивната иницијатива за здраво училиште, имаме можност да го одбележиме овој ден во едно од четирите училиштаод Македонија кои учествуваат во овој проект „Здрави училишта за здрави навики за децата“. Она што како лекар можам да го кажам во оваа ситуација во мојата досегашна професија, промоцијата на здравите навики во оваа детска возраст и во основните училишта значи многу. Го поддржуваме овој проект кој се надевам дека ќе продолжи и ќе имаме училиште кое е за почит и ќе го промовира здравиот начин на живот и навиките во детската популација, кои се особено значајни“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.